Бездомник пронашол паричник полн со пари, го однел во полиција, а онаа што следело не можел ниту да го сонува

Хаџер Ал-Али, бездомник од Амстердам, не знаел каков пресврт ќе следи откако неодамна пронашол паричник во кој имало 2.000 евра и го однел во полициска станица. Паричникот го нашол на главната железничка станица во градот додека барал празни лименки.

„Помислив, можеби некому навистина му требаат тие пари“, изјавил Хаџер. Меѓутоа, во паричникот немало лични документи, па полицијата не можела да го пронајде сопственикот. Без разлика, тие сакале да го наградат чесен пронаоѓач.

Полицијата му врачила ваучер од 50 евра и признание во вид на сребрена статуа (награда што полицијата ја доделува на заслужните граѓани на Амстердам), а потоа започнале хуманитарна кампања при што биле собрани над 34.000 евра за Хаџер во еден ден. Потоа тој сам решил да ги прекине плаќањата, односно донациите.

„Многу сум благодарен за се‘, но не сакам да бидам алчен. Сакам да си ги заработам парите“, рекол тој.

Но, тоа не бил крајот. На Хаџер на крајот му била понудена работа од сопственик на компанија за асфалтирање.

„Мојот живот дефинитивно ќе се подобри после ова, сега можам повторно да инвестирам во иднината. Секогаш верувам дека едно добро дело води кон друго добро дело, но вакво нешто не сум сонувал“, заклучил тој.


Фото: unsplash