Бициклист гаѓан со сачмарка: Ловецот го помешал со замислете- ЗАЈАК

Шпанскиот велосипедист Мигел Торан бил пренесен во болница за да ги отстрани сачмите од телото, откако го гаѓал ловец кој тврди дека овој несреќник го помешал со зајак ...

Инцидентот се случил во областа позната како Монте Оргегија, во провинцијата Аликанте, објави La Vanguardia. Велосипедистот забележал двајца ловџии како се движеле по неговата рута, но неколку моменти подоцна еден од нив пукал, при што испразнил најмалку еден патрон, соопшти шпанската полиција.

Велосипедистот бил изрешетен со ситна сачма, погоден на грбот, нозете и задникот. Ловецот бил идентификуван и пронајден, по што му била одземена дозволата за лов. Како што и рекол овој човек на полицијата, пукал во велосипедистот затоа што мислел дека е зајаче.

Според извештаите, велосипедистот е надвор од животна опасност и сите куршуми од не оштетиле витални органи. Властите во овој дел на Шпанија веруваат дека ова навистина е инцидент, но се уште размислуваат да поднесат обвинение против ловецот. 

Останува нејасно како е можно човек да се замени со зајак?