Бил Гејтс го прослави роденденот во Турција, со Џеф Безос: Ова се деталите од луксузната забава

фото:EPA

БИЛ ГЕЈТС го прослави својот 66-ти роденден во Турција, поточно на плажата Sea Me во Фетије, пренесува турскиот Дејли Сабах.

Основачот на Мајкрософт, чие богатство се проценува на 136 милијарди долари, на прославата го покани и Џеф Безос и уште педесетина гости. Гостите беа пренесени со хеликоптер од мегајахтата на Гејтс во затскриен залив. Според локалните медиуми, Гејтс моментално изнајмува јахта за 1,8 милиони евра неделно.

Роденденската забава на Гејтс траела околу четири часа, пишува Daily Sabah. Наводно, на менито имало морска храна, суши и пица.

На вработените не им било дозволено да ги користат своите телефони за време на прославата за целосно да се заштити приватноста на гостите.

Безос наводно се вратил на својата јахта со приватен хеликоптер по прославата.

Според турските медиуми, Гејтс веќе некое време е на одмор во Турција.

извор;index.hr