Бил Гејтс тврди: Најдобро ќе им биде на тие што ќе се родат за 20 години, кога веќе нема да има гојазност, рак...

„Ќе ја излечиме дебелината, ракот, ќе ја искорениме детската парализа“, нагласи тој.

Еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, неодамна изјави дека е оптимист за иднината на човештвото и покрај многуте предизвици со кои се соочува.

Тој верува дека секој роден во следните неколку децении ќе му биде подобро од секој роден во кој било временски период досега.

„Сè уште сум оптимист дека е подобро да се родиш 20-40 години од сега, 60 години од сега отколку во кое било време во минатото“, рече тој на 23 јануари за време на посетата на Институтот Лови во Сиднеј.

Гејтс потсети дека дејствуваат многу обесхрабрувачки трендови, како што се несоодветниот одговор на пандемијата на корона вирусот, неисполнувањето на целите во борбата против климатските промени и растечките политички поделби во Соединетите Американски Држави.

Истражувањето на агенцијата за истражување на јавното мислење Галуп од октомври минатата година покажа дека 42 отсто од Американците веруваат дека младите ќе имаат подобар животен стандард од нивните родители.

Ова е за 19 отсто помалку отколку во 2019 година, кога беше спроведено истражување за истото прашање. Сепак, Гејтс, кој е ко-основач на Мајкрософт, верува дека песимистите ја немаат целосната слика.

Тој укажа на напредокот во здравството, истакнувајќи дека глобалната стапка на смртност на децата до пет години е преполовена во последните две децении.

„Бројот на иновации за подобрување на општата човечка состојба ќе продолжи да биде драматичен. Ќе ја излечиме дебелината, ракот, ќе ја искорениме детската парализа“, нагласи тој. Тој го пофали потенцијалот на евтина и ефикасна зелена енергија, како и технолошкиот напредок што овозможува образовните и здравствените системи да имаат глобално влијание.

Тој рече дека работите се подобруваат. „Погледнете ги работите и кажете: „Добро, каде бевме пред 300 години?“, рече тој, додавајќи дека животниот век значително се зголемил во последните три века. Просечниот животен век во 1700 година бил 40 години, а во САД денес е 76,1 година.

„Без разлика дали сте биле крал или сиромашен, сте биле подложни на висока смртност кај новороденчињата и ниска писменост. Така, иновациите со текот на времето се феноменална приказна“, заклучил мултимилијардерот.


Фото: Youtube - screenshoot