Бил момче кое имал љубов, па се изобличи до непрепознатливост: Сега нема никој, а луѓето се шокираат кога ќе го видат

Човек кој некогаш имал љубов, сега наидува на проблеми поради својот изглед за кој вели дека не им одговара на сите.

Еден од најтетовираните луѓе на планетата проговори за тоа како има многу проблеми да најде љубов и дека тоа едноставно не му оди.

Метју Вилан не е непознат за медиумското внимание бидејќи тој редовно се појавуваше на насловните страници во минатото поради неговата необична покриеност со тетоважата на целото тело.

44-годишникот, кој неодамна направи мала пауза од тетовирањето за да заштеди пари за својата хипотека, раскажа како се борел да најде врска. Тој претходно сподели како често го „задеваат“ поради неговата љубов со цртаниот лик Лола Бани, но сега признава дека навистина би сакал да се смири со некого.

Иако се забавуваше во минатото, вклучително и почетокот на оваа година, Метју тврди дека сите негови врски „пропаднале“ поради неговиот „поинаков“ изглед.

Тој рече: „Јас сум крал без мојата кралица. Мислам дека излегувањето со некој многу различен има свои предизвици. Што се однесува до фетишите, мислам дека некои го наоѓаат тоа во мене или ме користат. Се гледав со некого до јануари оваа година, но тоа заврши и додека бев на пауза со тетоважи, имав доволно време да продолжам понатаму, сега сум официјално сингл веќе половина година“, пишува британски „Мирор“.

Порано имал опција да биде со повеќе девојки, но како што тврди сега работите се малку потешки поради неговиот изглед.

Интернет и ТВ личноста од Бирмингем се сеќава дека добил груби и нељубезни коментари од девојки на состаноци во врска со неговите тетоважи, како и некое необично однесување.

Тој раскажува: „Една девојка на состанок рече дека моите очи ме прават да изгледам како демон и дека им беше тешко да воспостават контакт со моите очи“.

Тој истакна дека разбира што му се случува, бидејќи не се сите подготвени да го прифатат неговиот изглед.

Во обид да ја пронајде љубовта, Кралот на Ink Land (како што сака да го нарекуваат) се занимава со свингирање, како и снимање порно, што воопшто не е вистинскиот начин да се пронајде вистинската љубов, со оглед на тоа што се работи за инстант задоволување.

Метју сепак истакна дека се надева дека „има некој таму надвор“ кој ќе го разбере и „ќе биде со него“.

Погледнете повеќе од фотографиите на Метју Вилан подолу: