Билд објави таен извештај: „Кина го измами светот, тие го прикрија коронавирусот„
Кина, наводно, го излажа светот за епидемијата на коронавирус за да добие предност и да собере резерви на заштитни маски на меѓународниот пазар пред да станат најбараните производи.
Кина ја прикривала епидемијата со цел прва да се опреми со заштитна опрема
Така барем тврди американски таен извештај објавен од германскиот таблоид „Билд„. Станува збор за четири страници таен извештај на Министерството за внатрешна безбедност на САД (DHS) во кој се вели дека Кина го измами светот и ги сокрила информациите за коронавирус со цел да се опреми со заштитна опрема од остатокот на светот што е можно поскоро.
Неговата содржина сугерира дека Кина ја сокрила епидемијата на коронавирус со цел да се снабди со медицински материјали, вклучително и заштитни маски. Билд наведува дека Кина намерно го минимизирала вирусот на почетокот на јануари. Во исто време, тие значително го зголемија увозот на медицинска опрема и драстично го намалија извозот.
Пекинг намерно доцнел со извештаите за купување и набавка на опрема за безбедност
Во истиот извештај се вели дека Пекинг, со цел да обезбеди простор за маневрирање со набавка на овие видови производи, го одложил објавувањето. Нарачале големи количини на заштитни маски, ракавици и хируршки престилки и други медицински материјали потребни за борба против ширењето на инфекцијата.
Слично на тоа, никој од Светската здравствена организација (СЗО) не беше свесен за настаните во Кина за време на пандемијата.
Исто така, Кина ги замолкна лекарите кои ја предупредија јавноста во почетокот на јануари за појава на нов вид коронавирус, пренесува „Билд“.
Една од последиците на кинеското однесување е недостигот на заштитна опрема на светските пазари, што ја отежнува борбата против вирусот во земји како Италија и Шпанија, пишува „Билд“.
Трамп и САД жестоко ја обвинуваат Кина
Доналд Трамп и САД тврдат дека вирусот излегол од лабораторија во Вухан, па дури и бил намерно пуштен во светот. Информациите сè уште не се достапни во официјалните извештаи, иако американските разузнавачи ветија дека ќе ги обелоденат веднаш штом ќе ја завршат истрагата. Дури и Трамп деновиве изјави дека има многу цврсти докази за поддршка на оваа теорија, но дека тој не треба да го прави тоа јавно.
Кина остро ги отфрла ваквите приказни. Во извештајот на Министерството за внатрешна безбедност на САД исто така се предупредува на ризично истражување во лабораторија во Вухан, каде наводно се појавил новиот вирус во декември.
Помпео најавува дека САД ќе преземат одговорност
Особено забележителен е фактот дека Кина го негираше пренесувањето на вирусот од човек на човек на 20 јануари, иако податоците постоеја во декември минатата година. Кина е исто така обвинета за уништување на примероци од вируси и за цензурирање на научни публикации за вирусот.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео најави дека САД ќе ја преземат одговорноста, заклучува Билд.