Бисерите се убав накит, но тие се производ на болка: Еве зошто

Да, бисерите се вклопуваат во секаков накит, изгледаат аристократски, но тие се производ на болка.

Секој бисер е резултат на повреда на школките предизвикана од навлегувањето на зрно песок во внатрешноста на школката. Неповредена школка не може да произведе бисери.

Внатрешноста на мекотелот содржи супстанца наречена „бисерна мајка“, која, кога зрно песок ќе влезе во лушпата од школките, ја покрива со илјадници слоеви на материја за да ја заштити лушпата.  Како резултат на тоа, секое зрно песок создава прекрасен бисер.

Затоа често бисерите се наречени солзи.