Бизарен говор на свештеникот: „Имам авион, може да ми го одземете кога ќе се појави Исус“

Ако луѓето сакаат Исус да се врати, ќе мора да копаат подлабоко во своите паричници и да донираат повеќе за црквите. Барем така вели евангелистичкиот проповедник Џеси Дуплантис.

За време на неодамнешниот ТВ пренос во живо наречен „Викторитон“, Дуплантис тврдеше дека луѓето не донираат доволно пари за своите цркви и дека тоа е причината зошто Исус се‘ уште не се појавил на Земјата.

„Искрено верувам во тоа - причината зошто Исус се‘ уште не дојде е затоа што луѓето не донираат онака како што им рекол Бог да дадат“, рече тој.

„Откако ќе го разберете тоа, тогаш ќе можете да го забрзате времето“, советува тој. „Ако сите луѓе го повикаа овој број на екранот, ако луѓето ширум светот ја пренесат веста за Викторитон, Бог ќе му рече на Исус - ајде. Затоа што тој исто така сака да не‘ види нас колку што ние сакаме да го видиме", рече контровезниот свештеникот, а пренесува портал „Б92“.


„Луѓето не го прават она што Бог им рече да го направат, во финансиска смисла, бидејќи живееме во економски свет. Бог го рече тоа. Значи, јас немам проблем со давање, немам проблем со примање, нема разлика“, заклучи тој, па го спомна и неговиот приватен авион. „Го имам, да, можете да го земете откако ќе се појави Исус“, рече тој.


Фото: Твитер