Бизарна смрт: Тејлор почина една недела пред нејзиниот 30-ти роденден, самоубиец скокна и падна врз неа
Нејзините пријатели рекоа дека тој ден таа се
враќала од состанок со момче
Жена од Сан Диего почина во несреќен случај откако врз неа падна маж кој се обиде да изврши самоубиство, скокајќи од дветти кат.
Тејлор Кејл шетала со нејзината пријателка по Десеттата авенија во неделата вечерта кога еден човек паднал од конструкцијата на зграда директно врз неа. Човек чиј идентитет сè уште не е откриен е виден како виси на 9-от кат од зградата, сакајќи да скокне од него. По падот бил пренесен во болница, каде починал еден час подоцна. Полициските инспектори сметаат дека човек на возраст од 20 до 30 години сакал да изврши самоубиство.
За жал, Тејлор починала на самото место како резултат на ударот, објави брзата помош. Нејзините пријатели рекоа дека тој ден таа се враќала од состанок со момче.
- Само сакам луѓето да знаат дека таа е неверојатна личност. Оваа трагедија не ја дефинира. Кале беше горда сопственичка на две спасувачки кучиња, по име Ру и Стела, и беше крајно блиска со нејзиниот татко, со кого ја помина минатата година поради пандемијата на корона вирусот - изјавил еден од нејзините пријатели.
Таа почина само една недела пред нејзиниот 30-ти роденден, што планираше да го прослави со пријателите, да патуваа низ земјата и на турнеи по винарии, пишува Пипл.
- Го живееше животот во потполност и секогаш излегуваше од својата зона на удобност за да го подобри својот живот. Таа не само што се здоби со неверојатна сила во изминатите осум години, туку ја надмина и својата наставничка. Иако беше во доцните дваесетти години, јас навистина сакав да видам што ќе постигне во следната деценија од нејзиниот живот - вели нејзината пријателка.
Тој додаде дека таа е донатор на органи и дека се надева дека Тејлор ќе може да спаси неколку животи.
Фото: Tanjug/AP