Бизарно: Пијан со часови им помагал на спасувачите во потрага по - самиот себе
50 -годишниот Бејхан Мутлу од Бурса, Турција, пиел со
пријателите, по што залутал во шумата
Бидејќи тој не ја повикал долго време неговата сопруга, таа се загрижила и го пријавила исчезнувањето на нејзиниот сопруг во полиција со уште неколку други пријатели. Лутајќи низ шумата, Мутлу наишол на група спасувачи и волонтери кои барале некого, но не сфатил дека го бараат него.
Тој се приклучил на групата и се вклучил во потрагата. Само кога еден од спасувачите го извикал неговото име, Мутлу одговорил:
„Тука сум“, ја сфатиле конфузијата.
Еден од спасувачите го тргнал настрана за навистина да се увери дека тоа е човекот што го бараат, а Мутлу му рекол дека е многу загрижен дека неговото семејство и целиот спасувачки тим ќе му се налутат.
Тој наводно рекол:
- Не биди премногу строг со мене. Татко ми ќе ме убие.
Спасувачите потоа го однеле дома, објавија медиумите.
Фото: фреепик