Бизарно шоу: Се натпреваруваат кој ќе и направи дете на кандидатката (ФОТО/ВИДЕО)

Сè почесто се осмислуваат нови формати на ријалити шоуа, што во повеќето случаи ги шокираат гледачите. Сега телевизијата Фокс отиде чекор подалеку и го осмисли најбизарното шоу досега.

Во шоуто „Труд за љубовта“ дури 15 мажи се натпреваруваат за да направат дете на главниот протагонист Кристи Кацман (41).  Домаќин на шоуто е Кристин Дејвис, која стана позната по улогата на Шарлот во хит серијата „Сексот и градот“.

Кристи е разведена и сè уште не родила, па решила да учествува во ова шоу затоа што веќе сака да роди дете. Таа секогаш ја ставаше кариерата на прво место, но сега би сакала да го запознае човекот од нејзиниот живот, односно татко на дете.

- Само што наполнив 40 години и раскинав. Се обидов да ставам крај на состаноци затоа што сакам да основам семејство, а времето не е на моја страна. Мислам дека многу жени ќе можат да се поистоветат со мојата приказна - изјави таа за Кристи.

Во првата епизода од шоуто, мажите чекаат во ред да ја донираат спермата во чаша. Презентерот потоа им објаснува дека ќе провери колку се плодни кандидатите и дека нивниот понатамошен престој во шоуто зависи од тоа. Мажите не знаеја до тој момент дека ќе треба да го сторат тоа, па зборовите на Дејвис малку ги шокираа. Сепак, на крајот тие се согласија.

- Еден од најголемите стравови ми беше дека нема да има мажи што го сакаат ова. Мислам дека вистинскиот тест беше анализа на спермата веднаш штом ме запознаа - рече ѕвездата на шоуто.

View this post on Instagram

See where Kristy's journey will take her on the Series Premiere of Labor Of Love, tonight at 9 on FOX 5! #love #marriage #baby #family #relationships #laboroflove #dating

A post shared by Fox 5 NY (@fox5ny) on


Сепак, спермата не е единствениот важен аспект на оваа бизарна реалност. Мажите ќе треба да покажат како се справуваат со децата, да менуваат пелени, да се грижат за децата. Исто така, ќе бидат поврзани со уред кој симулира болки. Секоја недела еден натпреварувач го напушта шоуто.

извор:krstarica