„Бјанка не смее да облече ништо без моја дозвола: Таа е со милијардер, зошто да ве слуша вас глупите и кутри идиоти?“: Канје не престанува да шокира

Канје Вест продолжува да ја шокира јавноста со своите објави на социјалните мрежи. Сега тој изјави дека неговата сопруга Бјанка Сенсори не може да облече ништо без негова дозвола и на овој начин одговори на критиките кои ги доби по скандалот на Греми наградите.

Бјанка Сенсори на црвениот тепих се појави во проѕирен фустан под кој беше гола, додека нејзиниот сопруг носеше лежерна, црна модна комбинација. Оттогаш многумина го обвинија Канје Вест дека е „насилен“ кон својата сопруга и дека го користи нејзиното тело за да привлече внимание.

Канје сега им кажа на своите критичари дека има „моќ“ над Бјанка, но дека никогаш не би ја принудил да носи нешто што таа не се чувствува удобно да го носи.

„Имам моќ над мојата сопруга, тука нема феминистички и "будени" соништа. Таа е со милијардер, зошто да слуша некој од вас глупавите и кутри идиоти. Луѓето велат дека нејзиниот изглед на црвениот тепих е нејзина одлука. Да, не ја терам да носи нешто што не сака, но дефинитивно не може да носи нешто без моја дозвола", рекол тој.

Тој додаде дека „нема почит и емпатија“ за луѓето.

Канје и Бјанка се венчаа во 2022 година, а набрзо јавноста се загрижи за неа. Нејзиното последно појавување на црвениот тепих особено предизвика загриженост.

Бјанка влезе во салата со црна бунда, која ја соблече откако Канје наводно и рекол да „направи сцена“. Таа потоа ја соблече бундата и го покажа голото тело, по што полицијата ги избрка од церемонијата.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs