ЈУРИ ТОЛОЧКО,
актер и бодибилдер, стана познат во јавноста за неговата врска со пластичната
кукла Марго, а наскоро ќе се ожени со неа.
Тој се однесува
кон Марго како вистинска жена, и тие се во врска веќе осум месеци. Тој исто
така неодамна ја однесе на пластична операција за таа да добие поголема
самодоверба. Како што вели, тој забележал несигурност во Марго по појавувањето во
јавноста.
"Таа започна
да развива комплекси. Кога ја запознав со светот на фотографиите, имаше многу
критики и таа почна да се чувствува несигурна, така се решивме на пластична
операција. Таа се смени многу. На почетокот тешко беше да се прифати, но
подоцна се навикнав на тоа. “, Изјави Јури за Њујорк пост.
„Не може да оди
сама, потребна е помош. Марго не знае да готви, но ја сака грузиската кујна.
Нејзиното омилено јадење е кинкали. Таа тврди дека има нежна душа.
Толочко води страница
на Инстаграм за Марго каде ги објавува нивните споделени фотографии. Тој дури
тврди дека и нашол работа како келнерка во локалниот бар, што е подвиг со оглед
на нејзините физички ограничувања.