Болници на вода: Америка во бродови ќе ги сместува пациентите од коронавирусот
Моментално, Америка се соочува со потенцијално ново жариште на коронавирусот. И покрај мерките на Владата, сепак вирусот се шири со голема брзина. Посебно Њујорк е на мета.
Два болнички бродови на американската морнарица тргнаа кон пристаништата во Лос Анџелес иЊујорк за да ги растеретат болниците кои се полни со пациенти, инфицирани од Covid-19.
Bродовите се целосно опремени, но не секогаш се користат во медицински цели. И двата брода беа всушност резервоари за нафта и нафтени деривати, пред нивната намена да се промени во 80-тите години од минатиот век.
Кога ќе пристигнат на нивната дестинација, бродовите ќе обезбедат сместување за пациенти кои немаат симптоми. Имаат 12 комплетно опремени операциони сали, 1.000 болнички кревети, лабораторија, аптека, центар за радиологија, скенер, машини за производство на кислород, соопшти американската морнарица.
Бродот Мерси е обично закотвен во Сан Диего, а Комфорт во Норфолк. Пациентите ќе започнат да пристигнуваат од регионалните болници за неколку дена, изјави шефот на полицијата во Лос Анџелес, Том Гејси.