Бомбакис саркастичен за сообраќајниот хаос во Скопје: И ова го снајде

Кристијан Станковски, познат во јавноста како Бомбакис покажа како изгледа откако се нашол во хаотичниот сообраќај во Скопје. 

Младиот татко на социјалните мрежи, кој е познат како момчето со пораки на картони, овојпат на јавноста ѝ се обрати преку видео и во негов хумористичен стил ги насмеа следбениците. 

А не е тајна дека сообраќајот во Скопје е хаос, особено доколку заврне малку дожд или и само да зароси,тогаш имате чувство како сите автомобили да се активираат за итање низ улиците на главниот град. 

Па така очигледно чекајќи на семафори и во хаосната гужва низ скопски улици Бомбакис остарел.

Бомбакис користел филтер, а резултатот насмеа многумина.


Фото: Инстаграм

Р.М.М.