Божидар Божиновски е Маж на годината според социјалните медиуми за 2023 година

Божидар Божиновски е Маж на годината според социјалните медиуми за

2023 година, при официјалниот избор на Мажи на годината кај нас.

Оваа година јавноста номинира 20 кандидати и според гласањето на

официјалната Фејсбук страница на настанот, Божидар Божиновски беше

во водство уште од самиот почеток, освои најмногу лајкови и со тоа

заслужено ја освои оваа награда.

Оваа категорија Наградата Маж на годината според социјалните медиуми

е особено значајна бидејќи ѝ дава можност на целокупната јавност да се

вклучи директно во овој настан, преку номинирање на, според неа,

најуспешниот маж и притоа да гласа за оние кои се номинирани. Јавното

мислење секогаш ни е важно.

Божидар Божиновски или познат како Моџо Килингтон е македонски

писател, сценарист и познат активист на социјалните медиуми каде често

успева да ја насмее цела Македонија со различни статуси на различни

теми со неговата специфична смисла за хумор. Зад себе има неколку

книги, работи на многу значајни проекти, пишувал за Фчерашни и

Преспав, а годинава неговиот текст за стенд-ап шоуто ”Све ли ја да

мислам” во изведба на комичарот Бојан Велевски ги наполни салите во

сите градови низ државата.

Изборот на Мажи на годината во организација на Фрајдеј Комуникации

ќе се одржи на 20.12.2023 година во Хотел Double Tree by Hilton и

вклучува 13 добитници во 13 категории помеѓу кои и главната награда за

Маж на годината за 2023 година.



Пр објава