Браќа Македонци, Власи, Роми, сега ќе живееме слободно сите во една држава, во едно демократско општество“: Македонскиот сарај
Ресенскиот сарај, познат како Сарајот на Ахмет Нијази-бег, во Ресен е еден од најрепрезентативните примери на објекти градени во неокласичен стил во Македонија.
По своите архитектонски и естетски вредности им парира на градбите од неокласицизмот од почетокот на 20 век. Фасцинантниот објект е висок 25 метри, со површина од 4.800 квадратни метри внатрешен простор.
Историјата вели дека отоманскиот кмет Нијази-бег, еден од водачите на Младотурската револуција, го изградил во почетокот на 1900 година, откако бил воодушевен од францускиот замок на разгледницата што ја добил.
Тоа е човекот што како водач на Младотурското движење ја освојува Битола. Доаѓа во Ресен, го гради овој сарај и вели: „Браќа Македонци, Власи, Роми, сега ќе живееме слободно сите во една држава, во едно демократско општество“. Подоцна, поради политичката ситуација, бега заедно со златото во Драч.
Граден е по Младотурска револуција до 1912 година, кога започнале Балканските војни, а не бил комплетно завршен. Довршувањето и интервенции во оваа зграда се изведувани со менувањето на властите.
Денес зградата на сарајот е Дом на културата „Драги Тозија“ и претставува споменик на културата, а тука се одржуваат бројни културни настани како традиционалните керамички и сликарски изложби