Браќата близнаци, доктори на науки: Го гледаа како изроди, а некогаш беа симбол за машка убавина
Браќата близнаци Игор и Гришка Богданов, доктори на науки кои беа опседнати со вселената, починаа со разлика од шест дена, а нивниот изглед и однесување постојано креваше прашина во медиумите.
Близнаците Игор и Гришка Богданов (72) беа светски сензации поради нивните необични погледи на вселената. Ексцентричната особина на личноста ги направи многу популарни, а нивното однесување секогаш ја заинтригираше јавноста. Беа симбол на машката убавина во нивната младост, во раните 90-ти тие станаа опседнати со пластична хирургија. Имено, тие си го искривија лицето, а и покрај тоа тврдеа дека немаат никакви естетски корекции, туку дека се „вонземјани“.
Браќата Богданов се родени во Франција во 1949 година. Нивната мајка имала полско и чешко потекло, а татко им бил Русин, кој работел како фармер и сликар. Тие биле одгледани од нивната баба која ја имала титулата грофица во замок на југот на Франција, додека тие немале контакт со семејството на нивниот татко.
Гришка докторирал математика на Универзитетот во Бургундија, а неговиот брат докторирал теоретска физика од истата образовна институција. Нивната работа беше оспорена поради бројните полемики што ги предизвикаа. Според „Њу Сајентист“ биле доведени во прашање и нивните дипломи.
Се прославија на научно-фантастичната емисија Temps X, која се емитуваше од 1979 до 1989 година. Потоа во 2002 година го започнаа шоуто „Rayons X“ на каналот „Франс 2“. Како што универзумот отсекогаш ги интересирал, две години подоцна тие работеле на таа тема во двочасовна програма. Вниманието го привлекоа со скафандерите, ставовите за науката и необичниот изглед. Затоа што во текот на деведесеттите тие целосно го сменија личниот опис од младоста, поради што беа исмејувани.
Кога се појавија на црвениот тепих во 2010 година, луѓето беа шокирани од нивниот изглед. Тие не признале дека биле оперирани, туку се нарекувале „вонземјани“.
Смрт во рок од 6 дена
Гришка Богданов почина прво на 28 декември 2021 година во болница во Париз од последиците на корона вирусот, а потоа Игор на 3 јануари 2022 година. Игор кога почина Гришка бил во кома, па не можел да знае за смртта на брат му, а зад себе оставил шест деца од два брака.
Браќата беа вмешани во голем скандал во 2001 година наречен „Аферата Богданов“. Имено, нивната работа за Биг Бенг, претставена во национално списание, беше рецензирана од нив. Подоцна беше откриено дека ова дело нема научна вредност.
И додека светот им се смееше за тоа, тие беа ангажирани на факултетот Џон Несбит во Белград во 2005 година. Имено, таму беа прогласени за раководители на Одделот за космологија и ја основаа лабораторијата за космологија Мегатренд.
Во последниве години станаа еден од симболите на криптовалутната сфера, бидејќи често се појавуваа во интернет „мемите“ откако Гришка се пофали дека е вклучен во создавањето на Биткоин.