Брат ми ми се јави три недели по неговата смрт: Ова е главната причина за нашиот ЖИВОТ на земјата и кога ќе го откриеме- губи смисла!
Ени Каган, хиропрактичар од Соединетите Американски Држави, била шокирана кога го слушнала гласот на нејзиниот брат, кој ненадејно починал три недели претходно. Отпрвин мислела дека има илузија, дека го губи разумот, но потоа сфатила дека тоа е навистина неговиот глас и дека тој очајно сака да ѝ каже нешто.
Ја уверил дека навистина е тој, откако ѝ дал многу докази, кажувајќи работи кои само тој ги знаел.
Потоа ѝ кажал за тајните на животот, како е кога ќе умреш и за животот после смртта. Ени подоцна напиша книга за тоа во која детално опишува сè.
Книгата се вика „The Afterlife of Billy Fingers“, а ова е мал дел од нејзиното искуство:
- Три недели откако почина, брат ми Били ме разбуди во зори и почна да ми опишува што му се случува во задгробниот живот. Отпрвин мислев дека го замислувам неговиот глас од голема тага, но тој почна да ми кажува космички тајни, тајни кои не можев да ги игнорирам.
Станав негов ученик. Били ме научи дека сите имаме некаква амнезија по раѓањето. Една од главните работи што ги правиме на Земјата е да се обидеме да запомниме што сме заборавиле. Но после смртта ќе сфатиме многу работи кои не сме ги знаеле додека сме биле живи. Еве некои од нив:
Животот на Земјата не е казна за минатите животни престапи без разлика како понекогаш изгледа. Болката е дел од човечкото искуство. Самите ги избравте животните околности пред да се родите, но речиси е невозможно да се разбере додека живеете на Земјата. Кога би ги сфатиле тие работи, животот би изгубил дел од својата смисла.
Општеството ве учи на ограничувања. Но, без разлика што ќе научите, сè што некогаш ви било потребно е веќе во вас. А тоа што сте навистина е далеку од ваше разбирање. Во срцето на сето тоа е енергијата - нематеријална работа наречена љубов.
Не можете да ја доживеете вистинската моќ на љубовта на оваа планета, не постои начин да го направите тоа. Таму, во друг свет, љубовта е безусловна. Сакани сте како и да живеете. Смртта не е толку сериозна колку што мислите дека е. Смртта е всушност многу пријатна.