„Бред кого го лажеш?!“: Познатиот убавец конечно ја откри тајната за младешки изглед - фановите збеснаа, никој не верува дека актерот ја кажува вистината
Иако веќе некое време се шпекулира дека користи естетски зафати, Бред Пит неодамна откри што е заслужно за неговиот младешки изглед. Иако стручњаците за естетска хирургија се убедени дека тој ја прави една од најпопуларните естетски интервенции во последните години - фејслифтинг, Пит тврди дека се работи за нешто сосема друго.
Холивудската ѕвезда Бред Пит, познат по својот безвременски шарм и младешки изглед, неодамна ја сподели својата тајна за неверојатно добар изглед. На прашањето која е неговата тајна за убавина, Пит имал подготвен одговор со насмевка.
„Водите здрав начин на живот во текот на цела недела, а потоа викендот малку „изневерувате“ и се опуштате“, рекол Бред, а кога репортерот го прашал кој му е омилениот „чит“ оброк, тој одговорил како од топ: „Пица“.
Сепак, многу фанови и експерти не се целосно убедени. Очекувано, коментарите постојано доаѓаа под објавата, а многумина не беа убедени дека Бред е целосно искрен.
„Кого лажеш, Бред, себе си или нас?“, „Зошто да не, можеби ќе му верувам“, „Очигледно е дека става ботокс“, „Не е важно што се затега, но зошто неја каже вистината“, се само дел од коментарите.
Гласините дека користи ботокс, филери и други козметички третмани кружат со години, а последниот коментар на Пит не успеаја целосно да ги замолчат неговите фанови. Додека некои веруваат во неговите тврдења, други веруваат дека комбинацијата од природно стареење и дискретни процедури е вистинската тајна за неговиот изглед.
Дискусијата за вистинската вистина зад младешкиот изглед на Пит продолжува да го буди интересот на јавноста, а останува прашањето: дали навистина се работи за природна нега или има нешто повеќе што славниот актер не сака да го открие?
Дали мислите дека Бред Пит ја кажува вистината?
Фото: ИнстаграмИзвор: Zena.blic.rs