Бред Пит сфатил дека „трајно ги изгубил децата“ кои ги има со Џоли, па дава сѐ од себе да добие потомство со Инес: „Тие се како пар посилни од било кога“

Бред Пит со години минува низ тешка судска битка за заедничкиот имот со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли, а освен тоа од ден на ден се продлабочува грдиот, јавен раздор меѓу него и сите шест деца. И додека ова се незгодни ситуации кои лесно може да ја разнишаат секоја емотивна врска, тие само ја зацврстија врската на холивудскиот актер и неговата девојка Инес де Рамон.

Имено, Бред Пит и неговата речиси двојно помлада избраничка имаат постабилна и посилна врска од кога било, а отуѓувањето на актерот од децата и постојаните правни проблеми со Анџелина придонесоа тој се поинтензивно да размислува за нов брак.

Имено, славниот 60-годишник е емотивно наводно „посреќен од кога било“ и е решен да има повеќе деца со убавата Инес. Бред наводно им рекол на пријателите дека ќе биде „прекрасна мајка“.

„Поразително за Бред е тоа што нема односи со своите деца, но Инес беше извор на утеха за него и уште повеќе ги зближи. Не е исклучено дека ќе имаат повеќе деца. Таа е млада, а Бред е 100 отсто подготвен да има деца, ако таа го сака тоа.

Таа е трпелива, опуштена и има одлична смисла за хумор. Нивната врска е стабилна и без драма, а тој е решен оваа приказна да ја направи долгорочна“, објасни близок пријател на згодната русокоса.

Да потсетиме, парот е заедно од крајот на 2022 година, а наводно живеат заедно од февруари оваа година.

Бурните односи на Пит со неговите деца и неговиот жесток развод со Анџелина повторно се вратени во фокусот откако беше откриено дека неговата најстара биолошка ќерка Шајло се пријавила да се откаже од презимето на нејзиниот татко на нејзиниот 18-ти роденден.

Извор близок до актерот изјавил дека тоа што ќерката го избришала од неговиот живот е само уште еден доказ дека, за жал, „ги изгубил децата“.