Британската убавица објасни зошто малите п*ниси се кул

Објаснувањето на една жена зошто грчките статуи имаат мали пениси стана вирално на сите социјални мрежи ...

Руби Рејн останала целосно збунета откако ги забележала разочарувачките мали пениси на историските статуи, па оваа упорна девојка се обидела да донесе конечен заклучок на оваа тема.

„Дали некогаш сте се запрашале зошто многу статуи од античка Грција имаат колосална мускулна физиономија и толку мали пакувања?“, праша Руби во нејзиното видео споделено на платформата TikTok. „Морав да го истражам ова прашање.“ Додека денес нашата перцепција за убавината на речиси сè, особено на пенисот, е целосно променета и поголемото е секогаш подобро, Руби преку своето истражување дошла до заклучок дека тоа не било секогаш така.

Како што додаде: „Она за што не бев свесна е дека Грците честопати ги претставуваа своите непријатели, како што се Египќаните, па дури и комичарите и лудаците, во нивните сатирични карикатури со големи пениси, што било прилично негативна работа на нивното тело, целосно различно од денес“.

@rubysaysstuff I sound like some kind of wannabe professor but I found this kinda interesting #foryou #historytok #ancientgreece #fyp #history #randomfacts original sound - Ruby.Reign

„Затоа, она што всушност го открив е дека големиот пенис бил лош, а малиот добар во античка Грција. Меѓутоа, зошто било сето тоа така? Очигледно, денес сè е поинаку.„Досега веројатно сте очајни да дознаете зошто хероите од оваа лулка на цивилизацијата се овековечени со мали „приврзоци“.

Како што тврди Руби, сè се сведува на начинот на кој перцепциите се менувале со текот на времето. Како што објасни таа: „Излегува дека во античка Грција поседувањето мал пенис се сметало за знак на доблест, цивилизација, самоконтрола или дисциплина. Во меѓувреме, големата машка алатка била знак на страст, алчни апетити и варварство, што е навистина интересно затоа што е сосема поинакво од сега“.

@rubysaysstuff Let me know if you learnt anything useful #foryou #historytok #ancientgreece #fyp #randomfacts #UARushChallenge original sound - Ruby.Reign

Сите ние софистицирани и цивилизирани можеме да бидеме горди и воодушевени со оваа теорија, додека Руби конечно заклучи дека промената во перцепцијата за големината на пенисот е всушност доказ дека не постои ништо што може да се дефинира со објективната убавина.

„Мислам дека е интересно да се спореди оваа перспектива на античките времиња кога малите алатки биле подобри, со денешната, во која некои веруваат дека поголемото е секогаш подобро. Сепак, ова само го претставува фактот дека нашите стандарди за убавина и нашите идеи се социјална конструкција и дека не треба да се замараме со глупости и да се чувствуваме лошо за нашиот изглед“.