Брижит Макрон во друштво на најголемата конкуренција: Карла Бруни во облека стара 16 години на реотворањето на Нотр Дам

Ѕвоната повторно заѕвонија од реставрираната катедрала Нотр Дам во Париз синоќа, точно во 19 часот и 10 минути, за прв пат по повеќе од пет години, кога во голем пожар речиси целосно беше уништена познатата зграда од готска архитектура. Претседателот и првата дама на Франција Емануел и Брижит Макрон им посакаа добредојде на достоинственици од различни земји, меѓу кои и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и британскиот престолонаследник Вилијам, како и поранешниот француски лидер Никола Саркози и неговата сопруга Карла Бруни.

Познатата манекенка Карла Бруни облече капут-фустан во А линија во елегантна сива боја, половината ја истакна со ремен, а изборот на хулахопки со дезен во комбинација со црни салонки изгледаше многу префинето. Чантата беше сосема адекватна за пригодата, односно за попладнето кога се организираше настанот.

Карла Бруни со беспрекорна коса и дискретна шминка ѝ парираше на совршено стилизираната Брижит Макрон која направи полн погодок со црно палто, со два реда златни копчиња и класични црни чевли со висока пета. Брендираната чанта не „отскокнуваше“ премногу.

Сегашната и поранешната прва дама на Франција беа речиси еднакви кога станува збор за модниот стил, но фустанот на Карла Бруни изгледа поелегантно и поефективно, но и двете заслужуваат висока оценка.

Таа блесна во старомодно издание

„Карла Бруни покажа класа во облекувањето“, ја пофалија манекенката на Инстаграм, а вчера блесна во облеката што ја носеше во 2008 година во Виндзор, каде ги запозна кралицата Елизабета Втора и принцот Филип.

Заедно со Карла и Брижит, во Париз беше и актерката Жил Гаје со својот партнер, поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, со кој имаше контроверзна љубовна приказна.

Беше во врска со филозоф и неговиот татко

Контроверзите ја следеа и сопругата на Никола Сакози.

Карла Бруни беше запознаена со Никола Саркози од заедничкиот пријател, Жак Секела, во 2007 година. „Имаше луда идеја, нешто како состанок на слепо. Ми рече: „Дали сакаш да одиме на вечера со претседателот Саркози? Бев како „О, океј“, раскажа Карла претходно во онлајн разговор со Наоми Кембел.

Во тоа време штотуку беше финализиран разводот на Никола Саркози и неговата втора сопруга Сесилија Атијас, која во 2008 година се омажи за Ричард Атијас, со која имаше афера за време на бракот со поранешниот претседател на Франција. Саркози и Сесилија го имаат синот Луис, а тоа беше втор брак за двајцата, таа имаше две ќерки со првиот сопруг Жак Мартин.

Пред врската со Саркози, Карла Бруни раскинала со филозофот Рафаел Антовен, со кој го има синот Орелиен, кој работи графика. Се шпекулираше дека манекенката и пејачот имале романса со Жан Пол Ентовин, таткото на Рафаел, но таа тоа го демантираше.

Првата средба со Саркози ја опиша како „неочекувана игра на заведување меѓу два ѕвера“. Таа рече дека е свесна дека Никола го сметаат за женкар, а тој на таа забелешка одговори: „Мојот углед не е полош од твојот“.

Тие спиеле заедно по вториот состанок. И се венчаа седум години подоцна и ја добија ќерката Јулија. Пред да се заљуби во Саркози, Карла Бруни имала возбудлив љубовен живот. Како што изјави биографот Валери Бенхајм, модната ѕвезда била во кратка, но страсна врска со поранешниот француски премиер Лоран Фабиус. Меѓу нејзините љубовници беа Мик Џегер и Ерик Клептон.

Според „Валери“, Карла на првото патување со Никола Саркози зела три поранешни нејзини момчиња во замок од 2 милиони фунти на француската ривиера. Сите седеле на иста маса со нејзиниот сопруг и му раскажувале анегдоти од врската со неа. Третата сопруга на Саркози е Карла Бруни, а во првиот брак бил со Мари-Доминик Кулиоли и со неа ги добил синовите Пјер и Жан Саркози.

Извор: Zena.blic.rs