Полицијата соопшти дека осумгодишно дете го возел автомобилот на својата мајка по автопатот во западна Германија.
Полицијата изјавила дека мајката се јавија кај нив, бидејќи забележала дека
нејзиниот син, но и „Голф“ исчезнале.
Детето е пронајдено на една гледна точка покрај патот, каде ги запалил сите четири светла на автомобилот и го поставил триаголникот за опасност. Тој, како што наведувааат од полицијата, застанал таму бидејќи му било непријатно да продолжи да вози по автопатот, откако постигнал брзина од 140 км/ч.
Мајката изјавила дека момчето редовно вози картинг, но и дека порано вежбал да вози автомобил на приватно земјиште, но не ја очекувала оваа постапка никако