Буквално злато вредни: Италијанска банка која чува „шипки“ кашкавал, а заемите и долговите можете да ги плаќате во пармезан
Италијанската банка „Credito Emiliano“ на почетокот изгледа како сосема обична и нормална банка.
Луксузна зграда со портир кој стои на вратата, шалтери управувани од вработени во деловни костуми, безбедносни уреди, машина со број на редица... Но нејзината уникатност се крие во нејзините магацини и трезори. Наместо златни прачки и банкноти, таму се чуваат прстени со кашкавал.
Знаевме дека Италијанците лудуваат по сирење и кашкавал, но многу луѓе ја прашуваат оваа вест: дали Италијанците се само луди? Одговорот е: никако! Причината поради која се одлучиле на овој чекор е посебен вид пармезанско сирење односно кашкавал наречено Parmigiano-Reggiano, познат и по прекарот „принцот на пармезанот“.
Станува збор за толку скапо и вредно пармезанско богатство што сега буквално вреди како злато. Само едно тркало за пармезан вреди меѓу 300 и 400 евра, а трезорот со сирење вреди неверојатни 150 милиони евра.
Банката за сирење и кашкавал им помогна и на малите производители за да не им пропадне бизнисот. За одгледувањето на кашкавалот штом ќе го преземат се грижат банкарските работници, а „обичниот човек“ е среќен што долговите и заемите во голема мера може да ги подмири со кашкавал наместо со пари. Банката подоцна го препродава и ги подмирува долговите, а притоа има и убав профит.
Дури се сметаше дека банката ќе почне да прифаќа и други „валути“ како што се пршута или маслиново масло, но бидејќи се потешки за одржување и складирање, таа идеја брзо беше напуштена.