Цел град се „издрогира“ од чадот на запалена марихуана: Сите среќни и весели
Жителите на еден колумбиски град беа нападнати од огромен облак чад откако контролирано согорување на наркотици излезе од контрола...
Малку неискусните жители првично се плашеа дека пожарот се шири кон нивниот Бело де Меделин, но набрзо дознаа дека овој чад не мириса на стандарден пожар. Како што се испостави, полицијата се обидела да изврши контролирано горење на запленетата марихуана, но не сметала на ветрот кој го носел чадот на Марли кон насмеаниот град.
„Видовме како огромен облак од чад се спушта од ридот и донесе силен мирис на марихуана што ги изненади сите“- реќе едне жител- видно насмеан. Властите неодамна запленија 1,5 тони ганџа и го прославија нивното достигнување како голем триумф над дилерите на дрога, пред успешно да го разнесат миросот низ целиот град.
Даниела Ортега, секретар за безбедност на градот Бела, рече: „Ова е уште еден удар што им го зададовме на дилерите и шверцерите на дрога во нашиот град, додека целата акција беше спроведена во координација со Националната полиција на Колумбија“. Ги повикуваме граѓаните да продолжат да ги осудуваат дилерите на дрога и да продолжат да веруваат во институциите на нашата земја“.
Сега, сепак, оваа верба во институциите на Колумбија може да биде на малку нестабилна основа по грешката, која, наводно, доведе до евакуација на неколку станбени блокови. Според колумбиската новинска агенција Ел Еспектадор, еден жител рече: „Ова е целосно неодговорно. Таканаречено контролирано горење. Поради оваа мала шега беа евакуирани неколку станбени населби со солитери. Луѓето почнаа да се смеат неконтролирано и да успруваат. Некој мора да одговара за ваквата лоша одлука“.