Цела Грција се вртеше по 54-годишна жена: Само таа можеше да заведе богат маж, па од љубовница стана свршеница
Џеф Безос е во друштво на свршеницата Лорен Санчез додека уживаат на одморот во Грција
Деновиве никој не беше пожежок во Грција од Лорен Санчез која гордо чекореше покрај својот вереник Џеф Безос - најбогатиот човек на светот.
Облечена во тесен фустан, со затегнат стомак и бујни гради - Лорен знаеше дека ѝ нема рамена.
Некогаш љубовница, а сега почитувана идна госпоѓа Безос, Лорен имаше исклучително необичен живот.
Лорен е телевизиска личност која се прослави како репортер за забава и водител на вести.
Се зборува дека Џеф Безос веднаш паднал на нејзиниот шарм и дека токму поради Лорен ја оставил сопругата со која бил во брак 26 години и која му помогнала да стекне богатство.
Не се знае точно кога парот почнал да се гледа, но се излезе на виделина во 2019 година кога беа разоткриени од американските новинари.
Набргу потоа, Џеф, најбогатиот човек на светот, реши да се разведе од сопругата и мајката на нивните четири деца.
Во тој момент и Лорен била мажена, а нејзиниот тогашен сопруг Патрик Вајтсел наводно ја запознал со Џеф Безос. Во истата година како Безос, Лорен го прекина и бракот од кој ги има синот Еван и ќерката Елеонор, додека со поранешното момче Тони Гонзалес го има и постариот син Ник.
Гласините велат дека Џеф целосно ја изгубил главата по Лорен и слуша сè што таа му кажува. Имено, тој почнал да вежба, деновите ги поминуваат заедно во теретана.
Лорен, која инаку е голем љубител на пластичните операции, го принуди Безос да ги намали брчките со ботокс за да изгледа попривлечно.
Од некогаш скромен човек посветен на работата, Безос се претвори како палава тинејџерка која патува со Лорен низ светот, носејќи ја на најексклузивните места и ѝ овозможувајќи забави со познатите холивудски ѕвезди.
Стил курир