ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 60 ОТСТО ЗА ЧЕТИРИ ГОДИНИ: Расте бројот на граѓани кои дома си месат

Според податоците на Евростат, во Хрватска цената на лебот се зголемила за дури 60 проценти за четири години, додека во остатокот од Eвропската Унија(ЕУ) ова зголемување изнесувало 38 проценти. Според стапките на раст на цените на лебот и печивата, Хрватите се најлоши во Европската Унија.

Според анализата на пекарската индустрија која ја направи специјализираното списание „Ја трговија“, компаниите во индустријата минатата година оствариле повеќе од милијарда евра приходи и 58 милиони евра нето добивка. Најголема добивка забележале „Млинар“ (девет милиони евра), „Пекара Дубравица“ (5,6 милиони) и „Бобис“ (3,8 милиони).

Анализата на „Еуромонитор интернешнл“ укажува на континуирано зголемување на цената на лебот. Тие проценуваат дека продажбата на леб би можела да достигне вредност од 688 милиони евра оваа година, што е за речиси 4 проценти повеќе од минатата година.

Од друга страна, сè повеќе потрошувачи подготвуваат леб дома, токму поради растечките цени. Според најновите проценки, во Хрватска годишно се трошат 42 килограми леб по глава на жител.

Фото: freepik.com
Извор: ФАКТОР