ЦЕНИТЕ И ПОНАТАМУ ЌЕ РАСТАТ – Експертите предупредуваат оти мерките за сузбивање инфлација имаат слаб ефект во сегашната криза
Маслата поскапеле за дури дваесет проценти во еден месец, покажаа последните податоци на заводот за статистика. Но, не се само зејтините поскапени, напротив ДЗС утврди дека растат цените на голем дел од производите во малопродажба.
Поскапување на месечно ниво, покрај зејтините, има и кај зеленчуците, овошјето, сирењето, пијалоците, чоколадите, шеќерот, но пораснале и цените на воздухопловниот патнички транспорт и тоа од високи 46,6 проценти, а поскапени се и туристичките аранжмани со 8,9 отсто.
ДЗС објави дека на годишно ниво во април трошоците на живот се зголемиле за 10, 5 отсто, а експертите велат дека поскапувањето најверојатно ќе продолжи, особено поради тоа што истата е увозна, а додаваат дека истата се зголемува и поради конфликотот во Украина.
- Решението за инфлацијата зависи од тоа што ја предизвикува. Во овој случај имаме општ пораст на цените на производите во малопродажба, кој не е резултат на голема побарувачка, иако имаме и зголемена потрошувачка на одредени производи поради паника кај народот, сепак, во овој случај поскапувањето е увозно и не може да се делува директно со мерките. Овој проблем е присутен насекаде, во цела Европа и пошироко, не е само во Македонија. Една од мерките за сузбивање на инфлацијата е затегнување на монетарната политика, мерка која неодамна ја презема Народна Банка. Сепак, резултатите од мерките допрва се очекуваат, но ќе посочам дека во случај кога цените растат насекаде во светот и не зависат само од нас, не може да се очекува стопирање на процесот со класичните мерки познати во економијата – објаснува универзитетскиот професор Ванчо Узунов. Повеќе по темата пточитајте на Фактор.мк
Фото: Unsplash