„Чекавме 40 години, но денес е денот! Конечно ќе докажеме дека вонземски живот навистина постои“

Приказната започнува пред 40 години кога двајца пијани јапонски астрономи испратиле радио сигнал кон ѕвездата Алтаир.

Тим од јапонски научници на чело со Шинја Нарусава - сосема сериозно завчера  очекуваше дека ќе го најдат светиот грал на астрономијата и ќе докажат дека не сме сами во Универзумот!

Приказната започна пред точно 40 години кога, како што пишува британски Дејли Меил, двајца пијани јапонски астрономи, Масаки Моримото и Хисаши Хирабајаши, испратиле радио сигнал кон ѕвездата Алтаир, која е оддалечена 16,7 светлосни години од Земјата..

Користејќи го телескопот на американскиот универзитет Стенфорд, јапонското дуо испрати порака која имаше за цел да им покаже на сите вонземјани кои орбитираат околу ѕвездата Алтаир како изгледа животот на Земјата.

Завчера, четириесет години подоцна, тим астрономи од Универзитетот Хјого се надеваа дека конечно ќе го добијат одговорот што го чекаа толку долго и ќе докажат дека навистина постои вонземски живот.

Тие поставија огромен радио телескоп за да може да добие одговор од која било од планетите кои орбитираат околу Алтаир иако е целосно нејасно колку се реални очекувањата на јапонскиот тим.

Оригиналниот радио сигнал испратен од Моримото и Хирабајаши на 15 август 1983 година беше 13 цртежи „препакувани“ во радио сигнали. Цртежите ја прикажуваат еволуцијата на животот на Земјата - од едноклеточни организми, преку риби и влекачи, па сè до мајмуните и луѓето.

Со надеж дека ќе добие одговор, тимот предводен од Нарусава користи антена со дијаметар од 64 метри наречена Длабокиот вселенски центар Усуда.

- Од деведесеттите до денес се откриени голем број егзопланети (планети кои орбитираат околу други ѕвезди). Можеби постои планета која орбитира околу ѕвездата Алтаир чија атмосфера може да го поддржи потеклото на животот - вели Нарусава.

Ѕвездата Алтаир се наоѓа во соѕвездието Орел и е една од најсветлите на ноќното небо.

Досега не е откриена планета во орбитата околу Алтаир, само прашање е дали овој факт им бил познат на Моримото и Хирабајаши кога ја емитувале својата порака.

Според извештајот од 2008 година, тие дошле на идеја откако испиле премногу, а според нивните првични пресметки, одговорот на вонземјаните требало да стигне уште во 2015 година.

Сеуште немааат објавено дали добиле повратен одоговор, но се шпекулира дека веќе сигналот е испратен...