Черепи, змии, демони: Официјално НАЈСТРАШНАТА КУЌА во светот (ФОТО+ВИДЕО)

Жителите на Ратомка во Белорусија сега можат да го прославуваат празникот „Ноќта на вештерките“ 365 дена во годината, бидејќи еден од нивните сограѓани изградил куќа на ѓаволот и ја украсил со черепи и гадни суштества.  


Новоизградената куќа во Ратомка, мало гратче во регионот Минск, привлече големо внимание во неговата околина и на Интернет. Гаден објект ги преплаши локалното население поради неговиот сатански стил. 

Покривот е поплочен со црни черепи, морничави раце излегуваат од ѕидовите, а безброј грди ѓаволи го чуваат овој имот. 

Локалните жители наведуваат дека сопственикот на чудната куќа изгледа како „обичен бизнисмен“, но „со развиена фантазија“, судејќи според неговиот автомобил опремен со черепи.



Изградбата започнала пред скоро 10 години, но била одложена и неодамна продолжила. Многу жители на Ратомка веруваат дека оваа гадна куќа веќе станала локално обележје.  

Некои од нив се помалку толерантни и се спротивставуваат на неа, бидејќи сметаат дека нејзиниот „одвратен изглед“ е морничав, па испратиле поплаки до локалните власти.


Фото: Youtube/screenshoot/sb.by

Видео: TUT.BY

Можеби ќе ве интересира:

Куќата на ужасот. Овде Веља Невоља ги осакатувал жртвите