Човекот го распара алигаторот и не можеше да поверува што гледа: Ова е старо 5000 години! (ФОТО)

Шејн Смит не можеше ниту да претпостави што ќе најде во стомакот на алигаторот тежок 340 килограми, кој беше доставен до неговата продавница.

Кога почнал да обработува животно долго 3,9 метри, открил во неговата утроба предмети за кои немал поим за што служат. Едниот беше во форма на солза, а другиот наликуваше на стрела.

Човекот бил зачуден бидејќи дотогаш не видел ништо слично, а особено му било чудно што предметите дури и не личеле на нешто што се користи во модерното време.

Тој објави фотографии од своето откритие на социјалните мрежи, по што експертите се јавија и се обидоа да откријат за што станува збор.

Џејмс Старнес, геолог, по анализата на објектот во форма на стрела, заклучил дека тоа е дел од копје кое се користело во лов.


Кога станува збор за објектот во облик на солза, не е утврдено со сигурност за што точно бил користен, а една од можностите е дека бил користен за време на риболов.

Она што е сигурно утврдено е дека предметите од стомакот на животното се индијански артефакти стари повеќе од 5.000 години и дека припаѓаат на домородците на Мисисипи.

Одговарајќи на прашањето како стигнале до стомакот на алигаторот, експертите навеле дека овие животни понекогаш голтаат камења што им помагаат да ја сварат храната или ги проголтале случајно, додека голтаат жив плен.


Фото: Фејсбук/freepik