Кога се врати, не беше мојот Тито! Јованка Броз во шокантна исповед- „Човекот исчезна сред бел ден“

Како Јосип Броз Тито исчезна на 13 дена, што му кажа Јованка Броз за посмртните останки на Дража Михаиловиќ и што откри за семејството на Слободан Милошевиќ се само дел од темите за кои зборуваше сценаристот и режисер Милан Шарац.

Претставувајќи ја својата монодрама „Јас, Јованка Броз“, тој проговори за деталите кои му ги кажала Јованка Броз и за кои дотогаш јавноста не знаела ништо. Во интервју за Вечерње новости, Шарац изјави дека Јованка му открила дека му рекла на Тито да му ги предаде преостанатите отанки на Дража на неговото семејство.

„Нека ги закопа неговото семејство каде сака. Тоа секогаш го велев, не само кога се зборуваше меѓу народот за тоа, го убедував дека тоа е најдоброто решение. За жал, не успеав да го убедам“, му рекла Јованка. .

Му кажала и детаљ од времето кога се обиделе да ја одвојат од Тито.

„Дојдов во резиденцијата, а Тито го немаше. Исчезна. Каде е? Никој не кажа ни збор. Го немаше 13 дена. Бев во шок. Не можев никому да кажам, мислев на светската јавност, ниту сама да го барам. Замисли држава без шефот на државата. Човекот исчезна сред бел ден. Кога го вратија не беше мојот Тито. Тоа беше првиот ден од нашата конечна разделба. Каде беше? Кој го киднапираше? Му кажав само на Рада Чечура, на началникот на моето обезбедување, полковникот на полицијата“, признала Јованка.

Шарац напомена дека Јованка никогаш не се откажала од православната вера и дека го замолила да го посети митрополитот Амфилохие. Забележува дека не знаел каков е епилогот од разговорот меѓу Јованка и митрополитот, но вели дека најголемата желба на Амфилохије била да се одржи погреб на местото каде што биле положени коските на Дража.

„Не знам дали Јованка му кажа нешто, но таа ме замоли да ѝ ветам тој да ѝ служи на погребот кога ќе дојде моментот на нејзиното заминување во вечноста. Митрополитот тогаш не беше во Србија, но отслужи панихида во Куќата на цвеќето неколку дена по погребот на Јованка“, рече Сарач.

Режисерот откри и дека Јованка Броз имала голема почит кон семејството Милошевиќ.

Во еден момент, Јованка сосема спонтано рече: „Милане мој, гледаш како кажуваат  дека таткото на Милошевиќ се самоубил. Дека се обесил. Тоа не е вистина Милан. Го убиле затоа што бил Русин. Тој ја сакал Русија. Затоа.го убиле“, му рекла Јованка.


Извор: ало

Фото: Youtube-screenshoot-VladimirGLenin