Човекот волк: Највлакнестиот човек на светот
98% од неговото тело е покриено со влакна ...
Лери Гомез е роден со нарушување наречено хипертрихоза. Ова нарушување предизвикува многу густи влакна или коса да растат на делови од телото каде што обично не се случува, како што е лицето. Само 6-8 луѓе на целата планета страдаат од оваа болест, а Лери е највлакнест од сите.
Поради својата појава, тој беше наречен човекот волк. Вели дека тоа во прво време му пречело, затоа што се чувствувал како циркуски изрод, но потоа вели дека го прифатил, затоа што видел дека луѓето го сакаат каков што е.
Многумина го прашаа зошто не ги бричи влакната, барем на лицето, но Лери рече: „Некогаш се обидов да видам како изгледам навистина без влакна, но тие се толку густи и силни што почнуваат да растат следниот ден. Потоа добивам осип и болки што не се многу пријатни. Така, сфатив дека бричењето нема да ми помогне. Се прифатив како што сум и сега немам проблеми во животот “.