ЧУДЕСНА БИЛКА: Расте кај нас, бесмртна е, а литар чини околу 1800 евра!

Засекогаш млади... Дали и вие сонувате за овој вечен идеал и желба на милиони луѓе ширум планетата? Ако вашиот одговор е позитивен, можеби ќе имаме добри вести за вас.

Дали сте слушнале за растение наречено „смиље“ или смил? Немојте да се изненадите ако не сте, бидејќи водечките светски козметички компании го сакаат токму тоа. Имено, кога би дознале дека сите „проблеми“ можете да ги решите со него, никогаш повеќе не би купиле ни креми ни лосиони ни гелови. 

Што е тоа?

Неговите лековити својства ги знаеле и Старите Грци кои го користеле за лекување на рани. Сепак, оваа билка била одамна заборавена бидејќи била добро скриена тајна.

Тој е одличен лек против бронхитис и кашлица, делува како седатив, го намалува крвниот притисок, нивото на холестерол во крвта, го спречува создавањето на згрутчување на крвта, ја ублажува болката и го зајакнува целото тело.

Постојат многу видови на смил, а најпознат е Helichrysum italicum. Неговата важност била препознаена и најдобро користена од Французите кои ја нарекле „immortelle“, што значи бесмртна. Овој прекар смилот го носи со гордост и право. Причина? Способност за бришење на брчки, лузни, стрии и модринки.

Еден тон смил за литар масло од него

Зошто билката е толку скапоцена и пожелна? Одговорот лежи токму во вредниот еликсир кој го содржи во многу мали количини. Имено, смилот има многу малку есенцијално масло (помалку од 0,05 проценти), па затоа е потребно повеќе од еден тон од растението за да се добие литар есенцијално масло. 

Ова необично растение го добило прекарот бесмртно поради фактот што никогаш не вене, дури и откако ќе се обере. Инаку, неговото стебло е исправено и обраснато со свилени, густи влакна. Може да порасне и до 60 см во висина, а некои видови и до 90 см. Цвета од мај до јули.

Исто така, свежата, а не сушената билка мора да се дестилира. Сега мора да ви е многу појасно зошто цената на смилот е генерално висока? Така е – за килограм од ова есенцијално масло ќе треба да потрошите помеѓу 1.500 и 1.800 евра. Многумина ширум светот се задоволни од ефектите, а одгледувањето на ова растение за повеќето станува сè поатрактивен и профитабилен бизнис.