Чудовиштата од Дојранско езеро: Потенцијална опасност
Нутрија, или којпу ((науч. Myocastor coypus)), е голем тревопасен, полуакватичен глодач и единствен член на семејството Myocastoridae. Потекнува од умерените зони на Јужна Америка, но луѓето го имаат пренесено во Северна Америка, Европа, Азија и Африка, првенствено заради одгледување за крзно. Иако во некои региони сѐ уште го ценат поради крзното, неговиот деструктивен начин на исхрана и копање дупки го прават овој инвазивен вид штетник низ поголем дел од неговата животна средина.
Нутријата е полу-воден глодар инаку најголем во својот вид. Населува реки, потоци, езера, мочуришта и езерца со развиена крајбрежна вегетација. Ги копа своите засолништа, со тунели со дијаметар од 20 см, на брегот, додека самиот влез е во вода. Кога нивото на водата паѓа, нутријата ги продлабочува каналите и прави нов отвор под водата.
Нутријата е присутна и ширум Македонија. Иако се ретко видени, деновиве сепак се забележани во Дојранското езеро. Тие се добри пливачи и брзи колонизатори. Живеат во мали колонии покрај вода.
Поединците се парат неколку пати во текот на годината, а женката раѓа шест, ретко повеќе младенчиња, обраснати со крзно и со отворени очи. Младенчињата можат да пливаат по три до пет дена по раѓањето.
Животниот век на нутријата во природната средина е 3, ретко 4 години, а во заробеништво (фарми, кафези) од 6 до 8 години. Ова животно е активно во самрак и зори. Најчесто се хранат со водни растенија.
Овој вид се смета за инвазивен и претставува потенцијална опасност за домородните видови, како и за луѓето, бидејќи е преносител на разни патогени: лептоспироза, салмонелоза, пастерелоза, ботулизамР.М.М
Фото: Машки магазин