Цимери од факултет не се виделе 21 година: Повторната средба ја одбележала прекрасна работа

Повторното обединување на двајца цимери од факултет, кои не се виделе 21 година, го одбележала една прекрасна работа.

Стивен Робинсон (57) бил во Детроит на семејно патување. Тогаш дознал дека во близина живее неговиот стар пријател и цимер од факултет Ричард Кунсе (62). Му се јавил и отишол на гости со семејството. Кога се сретнале, тој бил шокиран кога видел значително губење на тежината на Ричард.

Ричард се бори со примарен склерозирачки холангитис или PSC од 2019 година. PSC е хронично заболување на црниот дроб кое предизвикува воспаление, инфекции и повреди на жолчните канали, што на крајот доведува до откажување на црниот дроб. Ричард се обидел да истражи различни опции за третман, но безуспешно. Единствената опција што останувала е да се најде жив донатор на црн дроб за трансплантација. Црниот дроб се регенерира и црниот дроб на донаторот повторно ќе порасне откако некому ќе даде дел.

„Човеку, морам да направам нешто“, рекол Стивен. Тој одлучил да донира дел од својот црн дроб за да го спаси или за да продолжи животот на својот пријател.

Тој зборувал за тоа со сопругата на пат кон својот дом во Њу Џерси. Сопругата Натали се согласила. Потоа им го претставиле својот предлог на нивните три деца и сите три дале зелено светло.

Сопругата на Ричард, Марион и неговата ќерка Морган, исто така се понудиле да бидат донатори. Но, бил потребен некој во подобра физичка кондиција. Стивен бил совршен за тоа. Имаат и иста крвна група, 0 позитив

.

Стивен има посебни причини зошто се согласил да биде донатор

„Мислам дека тоа беше духовна работа. Отсекогаш сум сакал „брат“. И видов дека нешто не е во ред. Можев да го видам тоа во неговите очи. Повторно се приклучив на црквата пред пандемијата и го најдов Бог како ме води низ мојата духовна битка. А го изгубив татко ми поради пандемијата“, рече Стивен, за nbcnews.com.

Лекарите ги предупредиле на можни компликации кои би можеле да настанат, но овие двајца пријатели сè му предале на Бога.


Фото и Видео: Youtube/13News Now