Црна статистика во Германија: Повеќе умираат мажи отколку жени, а ова е најкритичната возрат

Со месеци, светот се бори со опасниот коронавирус,  кој однесе повеќе од 15.000 животи. Речиси 350.000 луѓе се болни во светот во овој момент, со досега регистрирани 22.672 случаи во Германија, која изгубила 86 од своите граѓани од смртоносниот вирус.

Лотар Вилер, претседател на Институтот Роберт Кох, национална агенција за контрола и превенција на болести, рече дека просечната возраст на жртвите е 82 години.

Тој посочи дека 57 проценти од починатите се мажи, а 43 проценти жени- јавува Си-Ен-Ен.

Бидејќи бројот на пациенти во оваа земја продолжува да се зголемува, тој ги повика граѓаните да продолжат да ги почитуваат инструкциите на надлежните органи и да се воздржат од дружење и непотребно да ги напуштаат своите домови.

„Ве молам, чувајте растојание од најмалку 2 метри, внимавајте на хигиената, редовно мијте ги рацете и кивнете исклучиво во пределот на лактот“, побара Вилер.

Тој рече дека Германија, за разлика од другите земји, има доволно тестови.

„Имаме доволно тестови, и нови ни доаѓаат во секој момент“, истакна Вилер.