ЦРНИ ВИЗИИ Јасновидец кој е многу почитуван престраши со најавата: „2023 ќе донесе нова војна и ќе биде полоша од онаа во Украина“
„Верувам дека Кина е најголемата закана за човештвото уште од нацистичка Германија“, рече Крег Хамилтон-Паркер.
Крег Хамилтон-Паркер, јасновидец кој е многу почитуван затоа што успешно го предвидел исходот од Брегзит, Доналд Трамп во улогата на американски претседател и смртта на кралицата Елизабета Втора, уште еднаш повтори дека неговите визии укажуваат на нова војна во 2023 година.
За овој конфликт тој зборуваше за прв пат пред три години, но во неодамнешното обраќање на Јутјуб рече дека британските медиуми погрешно ги претставиле неговите зборови и нагласи дека никогаш и никаде не рекол дека овој конфликт ќе го означи почетокот на Третата светска војна.
„Сите што го следат мојот канал знаат дека веќе некое време ја спомнувам можноста за конфликт во Тајван. За жал, претчувствував дека наскоро ќе дојде, всушност, дека ќе ја добие својата прва форма оваа година“, рече и продолжи:
„Исто така, имам чувство дека овој конфликт ќе биде предизвикан од некој случаен воздушен или подморски инцидент, можеби дури и двата. Можно е да се судрат некои две подморници и тоа да отвори конфликт“, рече тој и појасни дека Кина ќе биде првенствено заинтересирана за војната.
„Верувам дека Кина е најголемата закана за човештвото од нацистичка Германија“, посочи тој и додаде дека Кина е можеби најподготвена за конфликт во моментов, бидејќи и онака слабото раководство на западните сили е преокупирано со Владимир Путин и воената помош за Украина.
А зборувајќи за Украина, тој ја понуди следната застрашувачка споредба: „Во споредба со тој конфликт, она што го гледаме сега во Украина ќе биде од бледо значење“.
„Сепак, мислам дека нема нужно да започне Трета светска војна, барем не во катаклизмичната смисла како што сите ја замислуваме.
„Меѓутоа, на крајот гледам и дека Комунистичката партија на Кина ќе се распадне. Знам дека во моментов е исклучително моќна, но мислам дека обичниот Кинез ќе се охрабри и ќе се спротивстави на сегашните диктатори“, рече Хамилтон-Паркер.