Црвена вратоврска извалкана во крв и часовник чии стрелки одамна застанале: Ова се личните работи на Зоран Ѓинѓиќ што ги носел во моментот на атентатот

„Гледај во иднината, таму ќе се сретнеме јас и ти“...Така велеше Зоран Ѓинѓиќ. За жал, неговите соништа, визии и живот беа насилно скратени на 12 март 2003 година. Црн ден кога застана цела држава, кога беа стрелани премиерот и иднината на Србија. 

Се слушнале два истрела и вресок. Зоран Ѓинѓиќ беше погоден со два куршуми од снајперска пушка, во 12:25 часот, во дворот на зградата на Владата на Република Србија. Веднаш бил качен во автомобил и пренесен во Ургентниот центар. За жал, и со натчовечки напори лекарите не успеале да го спасат.

По атентатот на премиерот, земјата западна во хаос. Воведена е вонредна состојба, со најобемна полициска акција во историјата на Србија. Тие тешки денови полни со вознемиреност и неизвесност потсетуваат на серијата „Сабја“, која собори рекорди на гледаност минатиот викенд, кога беа емитувани првите епизоди.

Доктор Зоран Ѓинѓиќ, филозоф, професор и еден од основачите на Демократската партија, зад себе остави бројни дела - книги што ги напишал, есеи, документи, фотографии, дел од книгите од неговата импресивна лична библиотека, тетратки, писма, дневници, кореспонденција со Европски државници... Некои од личните предмети може да се видат во виртуелниот музеј на веб-страницата zorandjindjic.org.

Тука се, меѓу другото, колекции на налив-перо, наградата „Бамби“ што ја доби во Германија во 2000 година и други награди, очила „ленонки“ од студентските денови, подароци...

Посебно интересни се работите кои поранешниот премиер ги имал со себе во моментот на атентатот.

Темноцрвена вратоврска со траги од крв околу вратот, паричник и мобилен телефон на преклоп во џебот, а на зглобот часовник „Longines“. Часовник чии стрелки одамна застанаа.

Фото: Приватна архива
Извор: Zena.blic.rs