Д-р Горан Трајковски стана специјалист по интерна медицина: „Целиот образовен живот собирав парченца од сложувалката наречена човек“
Популарниот инфлуенсер доктор Горан Трајковски по интерна медицина на социјалните мрежи објави фотографија на која гордо позира со диплома со која завршил специјализација, па сега е специјалист по интерна медицина.
Јавноста го запозна во времето на короната кога споделуваше најразлични совети, на забaвен и свој начин.
Инаку Трајковски веќе осум години живее и работи во Германија.
Во објавата вели после 20 години учење, работа и живеење во вториот дом – болницата, конечно има нова титула, но и поголема одговорност.
„Почнувајќи од средното медицинско училиште во Скопје, па преку студии, волонтирање, па учење германски јазик и осум години работа во Германија, секој чекор беше предизвик кој ме донесе до оваа точка. Благодарен сум за сето искуство и за луѓето кои беа дел од мојот пат кој не беше лесен.
Ова е сепак само формалност, јас не станав денес интернист туку во текот на целиот образовен живот собирав се повеќе парченца од сложувалката наречена човек. Ова е само уште еден совладан рид зад кој доаѓаат многу други, но бар денес не се качувам понатаму, туку ќе застанам да одморам и се заблагодарам за тоа што го имам. Фала ви и на вас за дружбата сите овие години“, напиша докторот.
Инаку Трајковски ја има сопругата Александра и синот Басти кој има 3 години.
Фото: Инстаграм