Д-р Несторовиќ ги покани „Обединети против Ковид“ на дуел: Испратете го најдобриот лекар меѓу вас, можете да го испратите и Иван Ивановиќ!
- Имам предлог за Обединување против Ковид (а јас мислам дека сите сме против). Назначете еден или двајца колеги и да се спротивставиме на ставовите на национална телевизија (можеби вашата Нова С). Подобро од тужба. Чекам одговор. П.С. Можеби водителот Иван Ивановиќ - напиша Несторовиќ на Фејсбук.
Да потсетиме, здружението Обединети против Ковид објави дека поднесе тужба против српскиот проф. Д-р Бранимир Несторовиќ поради кршење на етичкиот кодекс на Лекарската комора на Србија.
Во соопштението се наведува дека за време на пандемијата на коронавирус, која трае и денес, Несторовиќ, како член на Кризниот штаб и во свој личен капацитет, „изнесе бројни научни и стручни невистинити и не докажани тврдења, даваше професионално неосновани совети и ширеше полувистини. "