ДА! Ова може буквално да ве убие, да ве изгори

Најлутата чили пиперка на светот е толку опасна што може да ве убие. „Здивот на Змејот“ е чили пиперче кое е толку луто што е всушност смртоносно. Ако го јадете, потенцијално може да предизвика еден вид анафилактичен шок кој моментално ги гори вашите дишни органи и ги затвара.

„Го пробав на врвот на јазикот и толку многу ме испече што 5 дена не можев да ја отворам устата“, вели Мајк Смит, одгледувачот од хоби кој го измислил Здивот на Змејот со научниците од Универзитетот во Нотингем. 

Се поставува прашањето зошто оваа пиперка е создадена воопшто. Како што се испоставува, чилито првично било развиено за да се користи во медицински третман, како анестетик кој може да ја вкочани кожата.