Да се биде млад, богат и глуп: Го уништи Ламборџинито правејќи скара на него
Уништувањето на егзотични автомобили заради создавање вирални видео клипови практично стана рутинска тема за ултрабогатите, кои постојано се обидуваат да ги стекнат или очајно да ги задржат своите три минути слава ...
Само во последните неколку месеци видовме автомобили со шестцифрени цени изгорени целосно, исфрлени во воздух, искршени со удирање во прозорец на изложбен салон... Последната ваква епизода ни доаѓа од Кина, каде младиот сопственик на Ламборџини направи од себе будала, обидувајќи се да направи нешто неописливо глупаво.
Автомобилите на Ламборџини често се опишуваат како sверови кои исфрлаат оган од нивните издувни гранки. Колку пати сме виделе фалбаџии непотребно и намерно да ги обиколуваат своите супер автомобили за да се направат важни? Сепак, потегот на овој сопственик од Кина, ја пренесе приказната за непотребност, глупост и фалење на едно ново ниво. Инцидентот се случил во кинеската провинција Хунан, каде група на идиоти се собрале во подземна гаража. Тие сметаа дека ќе биде забавно да се прави скара со ражничи на пламен што излегува од трапезоидниот издув на моделот Lamborghini Aventador.
Не мора да бидете доктор на науки за да разберете дека постојаното турирање на ѕверскиот мотор V12 додека автомобилот е паркиран доведува до загревање, а со тоа и влошување. Но, кога сте богати и глупи, ваквите мали детали ретко можат да одговорат на вашите намери. Може да се забележи раженот како се тресе насилно пред гранката на издувните гасови пред моторот да замине во вечен одмор. Веднаш потоа следи сцена во која облак од чад ја исполнуваше околината на моторот, додека моторното масло започна да истекува.
Според некои најави, поправките на Ламборџини уништено на овој начин може да чинат до 79.000 долари, што го прави претходно споменатото раженче најскапо во светот! Се прашуваме дали ја оправда својата цена со неговиот вкус ...
Извор: Lux life.rs