Да се разладиме: Најмистериозното место на планетата и 10 факти за него

Од сите континенти на планетата Земја, Антарктикот е најмистериозен. Постои многу добра причина за ова.

Тоа е последниот откриен континент и поради тешките услови за живот при многу ниски температури никогаш не бил населен со луѓе.

Ова се промени од средината на минатиот век, кога одделни земји низ целиот свет ги направија своите истражувачки станици на овој континент.

Луѓето кои денес го посетуваат Антарктикот обично се оние кои треба да завршат некоја работа таму, но сега и туристите можат да го сторат истото, но само оние кои имаат  значителни финансиски средства за таквата авантура.

Еве 10 интересни факти за Антарктикот:

1. Многу земји имаат свои аеродроми на Антарктикот, а некои дури користат области покриени со мраз и снег за своите писти.

2. За секоја нова година, во Истражувачката станица МекМурдо се одржува музички фестивал наречен „Icestock“.

3. Хеви метал групата Металика настапи на Антарктикот во 2013 година и со тоа стана единствениот бенд што имал концерт на кој било од седумте континенти на планетата Земја.

4. Истражувачката станица МекМурдо има своја куглана, која е изградена во 1961 година.


5. Превозот на луѓе од една до друга истражувачка станица е можен со специјални автобуси.

6. За време на празниците, во станиците и базите на Антарктикот се одржуваат балови под маски.

7. Верувале или не, Антарктикот е домаќин на маратон еднаш годишно.

8. Истражувачите често нуркаат во водите на Антарктикот, а понекогаш и заинтересирани туристи.

9. „South of Sanity“ е првиот филм снимен целосно на Антарктикот.

10. Антарктикот е едно од најубавите места на нашата планета за наоѓање метеорити, главно поради студената и сува клима што владее на овој континент.

Извор. Почивка. бг