Дакс Шепард јавно призна дека е на седативи: Зависен од лекови

Повеќе од една деценија 45-годишниот актер се бори со зависноста од опијати, а деновиве призна дека по неговата неодамнешна несреќа со моторцикл, тој повторно почнал да зема Викодин.

Американскиот актер и комичар Дакс Шепард се чини дека има потешкотии во долгогодишниот пат до ослободување од зависноста од јаки седативи.

Воведувајќи ја темата на неговиот подкаст канал „Армчеар експерт“, тој рече:

„Имам огромен страв од тоа. Можеби некои луѓе ќе почувствуваат предавство затоа што проповедаме чесност а јас бев неискрен“.

Дакс продолжи да раскажува дека сообраќајната несреќа со неговиот моторцикл во август имала удел во рецидивот, но и дека тој се бори со рецидиви од 2012 година.