Дали би го лижеле Илон Маск, Безос или Гејтс? Необичен деликатес кружи во Њујорк (ФОТО+ВИДЕО)

Жителите на некои американски градови можеби не можат да заработат милијарди, но можат да лижат сладоледи направени како милјардерите Илон Маск, Џеф Безос, Марк Цукерберг, Бил Гејтс и коосновачот на „Алибаба“ Џек Ма.

Во Њујорк камион продава сладолед на чија корица се ликовите на милијардери, технолошки титани. Побарувачката за овој сладолед е голема, чини 10 долари.


Компанијата MSCHF, со седиште во Бруклин, која продаваше скапи брендирани чевли и чанти, реши да постави камион за сладолед со натпис „јади ги богатите“ на улиците на Њујорк.


Сладоледите со ликовите на Џеф Безос, Илон Маск, Марк Цукерберг и Бил Гејтс се комично насликани со симболи на компанијата.

- Дури и оние кои не ги сакаат овие богати луѓе сигурно ќе сакаат сладолед - истакна Данијел Гринберг, ко-основач на MSCXE.


Фото: Инстаграм