Дали би седеле во када полна змии за 10 000 долари? Тој се осмели, а еве како заврши сето тоа (ВИДЕО)
- 16 Април, 2021
Треба да имате срце
за ова!
Џими Доналдсон, планетарно популарен Јутјубер следен од шеесет милиони луѓе, објави нов хит на неговиот канал. Овој пат, Доналдсон ги убеди своите пријатели и колеги на разни луди предизвици и ги охрабри, меѓу другото, да се соочат со нивните фобии во замена за примамливи парични награди.
Така, во самиот вовед, тој покани тројца млади момчиња да легнат во када полна со змии во замена за десет илјади американски долари, на што едниот од нив на крајот се согласи.
Ако страдате од офидиофобија, ве советуваме да ги прескокнете првите четириесет секунди од видеото, но исто така мора да ве предупредиме дека има повеќе застрашувачки животни подолу (тарантули, стаорци и сл.).
Видеото за само неколку дена собра повеќе од 30 милиони прегледи!
Фото и Видео: Youtube