Дали да се работи за мала плата или да се биде невработен?

Многу млади луѓе во земјава се со став дека попрво нема да работат отколку да работат за мала плата.

Анкетиравме неколку граѓани, при што младите велат дека не сакаат да работат за мала плата, а повозрасните рекоа дека мала плата е подобро отколку да се биде со статус невработен и на товар на некој друг член од семејството.

Јас сум невработена и не би работела за мала плата. Има луѓе кои не прифаќаат, но оние кои немаат избор, ќе работат и за мала плата“, вели Мартина Георгиевска, граѓанка.

Сите се согласуваат дека малите плати ги демотивираат работниците.

„Сите знаеме дека од мала плата, тој работник треба да одвои за пат, за јадење и не се исплати. Двете опции се лоши, и да се работи за мала плата и да не се работи воопшто. Добро, тој што работи за мала плата, барем своите трошоци ќе ги покрие. Јас пред 20 години работев за 2.000 денари, толку изнесуваше платата, и се сеќавам дека имав пари само за храна“, вели Горица Мишевска, граѓанка.

Следната наша соговорничка објаснува дека секогаш е подобро да се работи, отколку да се биде неактивен. Повеќе на Фактор.мк