Дали е коронавирусот- „Црниот лебед“?

На берзата под  „црн лебед“ се подразбираат непредвидливи настани со големи последици. Економистите во моментов дебатираат за далекусежните последици за економијата на коронавирусот.

Кога кон крајот на јануари го прашаа Жил Гибоа дали коронавирусот може да стане „црн лебед“, тој одговори: „Да, можеби за бизниси што прават многу деловни активности со Кина“. Неговото мислење има тежина. Бидејќи Гибоа е одговорен за акционерската стратегија на Axa Investment Managers во Европа, која управува со инвестиции во вредност од околу 800 милијарди евра. Во меѓувреме, нервозата на финансиските пазари ширум светот значително се зголеми.

Колку време коронавирусот ќе ја парализира економијата?

Сè повеќе, се зборува за „црниот лебед„ кога станува збор за економските последици од коронавирусот, што значи целосно неочекуван настан што е исклучително редок, но има катастрофални последици за финансиските пазари и реалната економија.

И сè повеќе, слушаат споредби со глобалната финансиска криза во 2008 година кога пропаѓањето на една од водечките американски банки со 150-годишна традиција беше сосема неочекувано. Последиците од банкротот на браќата Леман беа и тоа како исклучително далекусежни.

Потоа, катастрофата дојде од финансиските пазари и влијаеше на реалната економија. Денес е обратно. Затворање на бизнисите, откажување на саеми, затворање на авиокомпании, изолацијата на милиони градови, сите доведуваат до колапс на реалната економија. И кога компаниите заради тоа остваруваат помалку профит, тогаш тоа се одразува на падот на вредноста на акциите, а со тоа и на финансиските пазари.

Од избувнувањето на епидемијата на коронавирусот во Кина и обемните мерки за изолација во таа земја, кинеската економија престана да биде двигател на глобалната економија. И кога поранешниот шеф на Бундесбанк Аксел Вебер претпостави дека кинеската економија ќе падне 1,5 проценти во првиот квартал, тогаш тоа сигурно има глобални последици. Бидејќи Кина учествува со скоро 20 проценти од светската економска активност.

Господарот молчи

Креаторот на „црниот лебед“ досега не зборуваше јавно за последиците од коронавируосот. Насим Николас Талеб, американски финансиски математичар, поранешен професионалец на Волт Стрит и автор на бестселер, сè уште молчи. Овој вонсериски стручњак со потелко од Либан го користеше поимот „црн лебед “уште во 2001 година во својата книга„ Измамени од случајност “.

Кога неговата книга The Black Swan: The Impact of the Highly Improbable" (Црниот лебед: влијание на крајно неверојатното) се појави во 2007 година, интересот за неа беше прилично слаб. Дури откако империјата на браќата Леман се распадна, една година подоцна, книгата на Талеб се бараше од целиот свет.

Што знае овој човек и може ли да спречи економска катастрофа со планетарни размери?